Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
- Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа прослави јубилеј – 200 натпревари за Наполи.
Неапол, 23 ноември 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа прослави јубилеј – 200 натпревари за Наполи.
„Дијамантот“ од италијанскиот клуб доби подарок врамен дрес со бројот 200.
Елмас во победата над Аталанта со 3:1 ги одигра последните 20-ина минути.
Својата професионална кариера, Елмас ја почна во Работнички, а има играно и за Фенербахче, Лајпциг и Торино. зс/
Фото: ЕПА