• вторник, 26 ноември 2024

Елиминирани проблемите на украинскиот дел од нафтоводот Дружба

Елиминирани проблемите на украинскиот дел од нафтоводот Дружба
Москва, 24 ноември 2022 (МИА) - Рускиот државен оператор на нафтоводот Дружба денеска соопшти дека повторно има проток на нафта низ украинскиот дел од нафтоводот Дружба. Испораката на нафта по Дружба вчера беше прекината, а причината не е позната. Прекинот речиси беше во исто време со руските ракетни напади врз украинскиот електроенергетски систем. Украина беше принудена да ги затвори своите нуклеарни централи, а нападот предизвика и прекин на електричната енергија во соседна Молдавија. Дружба со капацитет од над два милиони барели дневно, е еден од најголемите нафтоводи во светот и доставува руска нафта за неколку земји во Источна и Централна Европа, вклучувајќи ги Полска, Германија и Унгарија. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, неколку пати беше прекината испораката на нафта. На 15 ноември накратко беше прекинат протокот на нафта преку јужниот крак на Дружба до клиентите во Унгарија и Словачка. ми/

Остани поврзан