• недела, 24 ноември 2024

Елизабета Ивановска, именувана за в.д. директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола

Елизабета Ивановска, именувана за в.д. директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола

Битола, 11 април 2023 (МИА) - Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа.

Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата.

Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за битолското здравство, кое утре ќе се соочи и со протест пред ЈЗУ Клиничка болница-Битола закажан за 17 часот. мт/ев/

ФОТО: ЈЗУ Клиничка болница-Битола

Остани поврзан