• сабота, 21 декември 2024

Елена Ласкони: Денеска беше погазена романската демократија

Елена Ласкони: Денеска беше погазена романската демократија

Букурешт, 6 декември 2024 (МИА) - Кандидатката за претседател на Романија од „Алијансата за спас на Романија“ (USR), Елена Ласкони, остро го осуди денешното поништување на првиот круг од претседателските избори од страна на Уставниот суд.

- Остро осудувам тоа што се случи. Тие го уништија она за што се боревме 35 години. Одлуката е незаконска и го понижува самото гласање, суштината на демократијата, рече Ласкони.

Таа додаде дека Романија мора да продолжи со изборниот процес и да го почитува гласот на деветте милиони Романци, без разлика на исходот.

- Знам дека ќе победам и ќе се борам за обединување на Романците, изјави таа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан