• недела, 05 јануари 2025

Елена Велјановска го помина комисискиот филтер за заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци

Елена Велјановска го помина комисискиот филтер за заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Елена Велјановска, дипломиран правник и магистер по правни науки од Кичево  да биде избрана за нов заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Таа информира дека од нејзиното 10-годишно работно искуство, пет години ги поминала во Министерството за труд и социјална политика и пет во Центарот за социјална работа како правник.

-Мојото мотив за аплицирање  на овој оглас е тоа што веќе работам во област во која што ги штити на граѓаните, односно во областа на социјалната заштита. Моето досегашно искуство да можам  во некоја нова друга поинаква област да го спроведам, рече Велјановска.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на јавниот оглас пријава доставил само еден кандидат и ги соопшти условите кои треба да ги исполнат лицата пријавени за заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

-Собранието на Република Македонија на седницата одржана мна 10 декември 2024 година  донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на заменик-директор на Агенцијата за заштита на личнте податоци. Одлуката беше објавена во Службен весник на Република Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите по огласот траеше 15 дена од денот на објавувањето на оваа одлука во Службен весник. Согласно огласот и Законот за заштита на личните податоци  за заменик-директор на Агенцијата може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови – да е државјанин на Република македонија, во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен седми степен правни науки. Да не е член на одредена политичка партија. Да има најмалку 10 години работно искуство по завршување на високот образование. Да има најмалку пет години работно искуство, како и стручни квалификации, вештини во областа на заштиттата на личните податоци. Да поседува сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и да поседува меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на анлгиски јазик не постар од пет години, рече Сајкоски.

Членовите на Комисијата го разгледаа и изгласаа барањето на поранешниот  член на Комисијата за заштита на конкуренцијата Розана Ванковска за остварување на плата по престанок на функцијата.

Исто така, Комисијата ја разгледа и изгласаа барање на иректорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу за остварување на плата по престанок на функцијата.

Членовите на Комисијата ги разгледаа и изгласаа барањата на Миле Бошњаковски, поранешен генерален секретар на Претседателот на Република Македонија, Тоше Зафиров, поранешен заменик на генералниот секретар на Претседателот на Република Македонија и Билјана Радева, поранешен заменик-генерален секретар на Претседателот на Репулика Македонија за остварување на плата по престанок на функцијата.

Комисијата во рамки на денешната седница ја разгледа предлог-одлуката за јавниот оглас за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци објавен на 10 декември во Службен весник. Сајкоски соопшти дека по овој оглас доставена била само пријава на еден кандидат и тој не доставил комплетна документација заисполнување на условите за избор. Поради овие причини, предложи одлуката за објавување на јавен оглас за  избор на директор на Агенцијата да се поништи и дополнително Собранието да достави нова предлог-одлука  во најбрз можен рок.фф/са/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан