Елези нов фудбалер на Горица
- Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Горица

Горица, 10 јануари 2025 (МИА) - Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Горица.
Елези минатото лето потпиша со Бохум каде што не покажа добри игри и сега ќе се обиде да ја врати формата во ХНЛ.
Ова е враќање за него во Хрватска каде со успех настапуваше за Вараждин од 2020 до 2024 година.
Во текот на кариерата, 23-годишниот Елези беше дел од Шкупи, Велазерими и албанскиот Скендербеу. дс
Фото: Фејсбук/ХНК Горица