• недела, 22 декември 2024

ЕК и Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро 

ЕК и Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро 

Брисел, 15 април 2024 (МИА) - Европската комисија и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев на еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната. 

Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова. 

Како што соопшти Еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.

- Тој е и основа за подготовка и потпишување на Договор за грант, кој ќе и овозможи на Комисијата да ги кофинансира комуникациските активности за преминот кон еврото во Бугарија, се додава во соопштението. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан