• петок, 22 ноември 2024

ЕК: Земјите од Западен Балкан ќе можат заедно со ЕУ да купуваат гас

ЕК: Земјите од Западен Балкан ќе можат заедно со ЕУ да купуваат гас
Брисел, 25 март 2022 (МИА) - Лидерите на земјите-членки на Европска Унија денеска се договорија заеднички да купуваат гас и ги повикаа земјите од Западен Балкан да се придружат на платформата за купување на ЕУ. - Главната причина за високите цени на струјата се високите цени на гасот. Енергетскиот микс во европските земји е различен, но ни треба заеднички европски пристап. Дури 75 отсто од светскиот пазар на гасоводи е поврзан со европскиот пазар и затоа имаме огромна куповна моќ. Затоа ќе ја искористиме заедничката позиција во преговорите наместо да се натпреваруваме меѓу себе и да ги зголемуваме цените, изјави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен. Во заклучоците на Европскиот совет се наведува дека ќе се работи на натамошно унапредување и синхронизација на енергетските мрежи, обезбедување на сигурност во снабдувањето за сите земји-членки, како и на балансирана политика за складирање на гас. Во обид да се најде рамнотежа помеѓу високите цени на енергијата и одвојувањето од Русија како клучен снабдувач на фосилни горива, ЕУ се договори со САД за дополнителни резерви на природен течен природен гас односно за 15 милијарди кубни метри во 2022 година, што според Лајен во „целост ќе го замени количеството на руски гас до крајот на годината“. Лидерите на ЕУ заклучуваат дека Унијата ќе продолжи да се координира со меѓународните партнери за да се обезбеди соодветно снабдување и да намалат зголемените цени на енергијата. ми/

Остани поврзан