• вторник, 24 декември 2024

ЕК ги повлекува државјанствата на руските и белоруските државјани

ЕК ги повлекува државјанствата на руските и белоруските државјани

Брисел, 28 март 2022 (МИА) - Европската комисија ги повика земјите-членки веднаш да ги укинат сите постоечки шеми за добивање „златни пасоши“ и да размислат за укинување на државјанствата што им се доделуваат на руските и белоруските државјани кои се на листата на ЕУ санкционирани поради војната во Украина.

Шемите на таканаречените златни пасоши се однесуваат на националните програми за продажба на државјанства на ЕУ на инвеститори.

„Кога станува збор за шеми за престој што им се даваат на инвеститорите, земјите-членки треба веднаш да ги откажат или да одбијат да ги обноват дозволите за престој на Русите или Белорусите кои се предмет на санкции од ЕУ. Земјите членки треба да го прекинат издавањето дозволи за престој на сите лица од руска или белоруска националност кои се на списокот на санкции поради војната во Украина“, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. паг/

Остани поврзан