• недела, 23 март 2025

ЕК би можела да ја тужи Унгарија поради Законот за забрана на паради на гордоста   

ЕК би можела да ја тужи Унгарија поради Законот за забрана на паради на гордоста   

Брисел, 21 март 2025 (МИА) - Европската комисија во моментов во разгледува и оценува законот усвоен од страна на унгарскиот Парламент со која се забранува одржување на паради на гордоста, изјави денеска портпаролката на ЕК за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова. 

- Темелно го оценуваме предлогот и потоа веднаш штом детално ќе ја разгледаме неговата содржина ќе можеме да одлучиме за каква било реакција, изјави Хрнчирова во одговор на прашање дали ЕУ би можела да преземе некакви мерки против Унгарија „поради прекршување на европското право со усвојувањето на Законот“. 

На дополнително прашање дали усвојувањето на Законот може да се вклучи во случајот што се води против Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ за заштита на децата, главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо одговори дека тоа евентуално ќе биде можно откако ќе заврши анализата на законското решение. 

- Штом имаме некаква основа врз основа на која можеме да го направиме тоа, ќе го направиме. Но, тоа навистина ќе зависи од резултатите на нашите анализи, рече Пињо, додавајќи дека пред да се даде дефинитивен став за законодавството тоа треба да се проанализира. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан