• четврток, 26 март 2026

Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

 Букурешт, 10 март 2025 (МИА)  - Романската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот кандидат Калин Ѓорѓеску за претседателските избори во мај, одлука што предизвика негодуавње кај неговите поддржувачи. Изборната комисија само соопшти дека кандидатурата е отфрлена без никакво образложение. Ѓорѓеску, кој е фаворит во анкетите со околу 40 отсто од гласовите, сепак може да поднесе жалба до Уставниот суд. Тој на платформата Х оцени дека тоа е „директен удар за демократијата во светот“. „Европа сега е диктатура, Романија живее под тиранија“, напиша Ѓорѓеску. Романија е во превирања уште од првиот круг на претседателските избори, одржани на 24 ноември, што го донесе на политичката сцена тогаш практично непознатиот Калин Ѓорѓеску. Во редок потег во Европската унија, Уставниот суд го поништи гласањето по наводите за руско мешање, а нови избори беа закажани за мај во многу тензична атмосфера. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан