• петок, 22 ноември 2024

Екстремисти од Газа истрелаа ракети кон Медитеранот за време на првата заедничка вежба

Екстремисти од Газа истрелаа ракети кон Медитеранот за време на првата заедничка вежба
Газа, 29 декември 2020 (МИА) - Палестинските екстремистички групи истрелаа ракети кон Средоземното море од Појасот Газа на почетокот на нивната прва заедничка вежба, која израелските медиуми ја опишаа како приказ на сила организирана од Иран. Газа е управувана од Хамас и е дом на други екстремистички организации, вклучително и Исламски џихад. Вежбите ги објави заедничката команда формирана од групите во 2018 година. Осум ракети беа истрелани од Газа кон Средоземното море, откако Абу Хамза, портпарол на Исламски џихад одржа говор пред игрите, кои вклучуваат и крајбрежни вежби, опишани од групите како тест за нивните подготовки во случај на конфликт со Израел. Израелските медиуми објавија дека вежбата е организирана од екстремисти спонзорирани од Техеран за да се демонстрираат ризиците за Израел доколку Иран биде нападнат од САД или еврејската држава во последните денови од владеењето на Доналд Трамп. паг/  

Остани поврзан