• четврток, 26 март 2026

Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж

Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж

Брисел, 9 март 2026 (МИА) - Експлозија рано утрово оштети синагога во белгискиот град Лиеж, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.

Нема пријавени повредени, а причината за експлозијата, која се случи околу 4:00 часот наутро, засега е непозната.

Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер, го нарече инцидентот „екстремно насилен чин на антисемитизам“ во изјава за телевизијата РТБФ.

Експлозијата ги скрши прозорците на синагогата, како и прозорците во зградата преку улицата, соопшти телевизијата.

Полицијата ја опколи улицата, а специјална единица за борба против тероризмот го истражува инцидентот. Досега нема официјално полициско соопштение за инцидентот. мс/ссм/

 

Остани поврзан