• вторник, 21 мај 2024

Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред

Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред

Киев, 29 мај 2023 (МИА) - Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот.

„Ракетата е соборена во близина на Киев. Провоздушната одбрана работи“, напиша Кличко на Телеграм. 

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во текот на ноќта во неделата, Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади до сега. Тоа беше и првиот смртоносен напад во мај - загина 41-годишен маж, а најмалку две лица беа повредени. паг/


Фото: МИА архива

 

Остани поврзан