Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје врачи 25 записници од почетокот на месецов
- Во периодот од први до 10 декември 2024 година, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изготви вкупно 25 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што го прекршиле Законот за јавна чистота, односно се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром и Кисела Вода.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Во периодот од први до 10 декември 2024 година, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изготви вкупно 25 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што го прекршиле Законот за јавна чистота, односно се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром и Кисела Вода.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, најголем дел од активностите на екопатролата се одвиваа во општина Чаир, каде се врачени 11 едукативно-информативни записници.
Ова јавно претпријатие од почетокот на месецов спровело и интервентни патролни дежурства на седум локации каде е забележано континуирано непрописно одлагање отпад, од кои три се реализирани во општина Чаир, две во општината Центар, додека во општините Карпош и Гази Баба е реализирано по едно интервентно дежурство на екопатролата. мд/ац/
Фото: „Комунална хигиена“ - Скопје