Економски форум „Трка до дното“ - Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан
- Како што информираат од „Фајненс тинк“, на економскиот форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен Балкан.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се реализира економскиот форум со наслов „Трка до дното“ - Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан“.
Како што информираат од „Фајненс тинк“, на економскиот форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен Балкан. бд/вг/
Фото: „Фајненс тинк“