• недела, 24 ноември 2024

Еколошки активисти осудени за попречување на Вимблдон

Еколошки активисти осудени за попречување на Вимблдон

 

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) – Лондонскиот Суд за прекршоци прогласи денеска за виновни тројца еколошки активисти, членови на организацијата „Запрете ја нафтата“ (Just Stop Oil) поради попречување на тениските натпревари на Вимблдон и им изрече условни казни од шест до 18 месеци.

Тројцата пензионери, Дебора Вилд (69), Вилијам Вард (66) и Симон Милнер – Едвардс втрчаа на 5 мај лани на тениските терени на Вимблдон и накратко прекина два натпревари, фрлајќи на тревата конфети и делови од сложувалки.

Вилд и Милнер-Едвардс го прекинаа дуелот од првото коло на теренот број 18 меѓу Бугаринот Григор Димитров и Јапонецот Шо Шимабокуро, додека два часа подоцна Вард на истиот терен го прекина натпреварот меѓу Британката Кети Болтер и Австралијката Дарија Савил.

Тројцата обвинети, кои самите се застапуваа на судот, признаа дека влегле на теренот, но ги отфрлија обвиненијата за тежок престап.

„Запрете ја нафтата“ е организација која настојува да влијае врз британската Влада да забрани експлоатација на нови наоѓалишта на нафта или природен гас. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан