• вторник, 19 ноември 2024

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон
Лондон, 15 април 2022 (МИА) - Активисти за заштита на животната средина денеска блокираа четири лондонски мостови, а продолжија и повеќенеделните демонстрации против нафтените терминали во Велика Британија. Стотици активисти го запреа сообраќајот на лондонските мостови Ватерло, Блекфрајрс, Ламбет и Вестминстер, барајќи прекин на новите инвестиции во фосилни горива. Лондонската полиција соопшти дека протестите предизвикале застој и доцнења во центарот на главниот град, а конзервативната влада воведе мерки за нивно ограничување. Демонстрациите се дел од движењето за борба против климатските промени во кои групата „Insulate Britain“ блокираше автопати и патишта, барајќи од владата да финансира повеќе енергетски ефикасни домови. Нафтените компании добија судски дозволи да ги запрат демонстрантите, а во изминатите две недели беа уапсени повеќе од 600 активисти поради качување на танкери со нафта и блокирање патишта до складишта за нафта. Протестите продолжија и денеска на локации во југоисточна и централна Англија и покрај забраните и апсењата. ссм/

Остани поврзан