• петок, 22 ноември 2024

Еколозите од „Фронт 21/42“ предупредуваат дека предлог-ДУП-от за Велестово дозволува натамошна урбанизација на заштитена зона

Еколозите од „Фронт 21/42“ предупредуваат дека предлог-ДУП-от за Велестово дозволува натамошна урбанизација на заштитена зона

Охрид, 15 мај 2023 (МИА) – Активистите на Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ сметаат дека објавената јавна анкета и јавна презентација на предлог ДУП-от за Урбаната зона за катастарски опфат Велестово, Охрид ќе значи отвоарање простор за изградба на нови градби и натамошна урбанизација на простор што е во заштитената зона на Националниот парк „Галичица“.

Во статусот објавен на нивниот фејсбук-профил тие ја потсетуваат Општина Охрид дека со последната одлука на Постојниот комитет на Бернската конвенција од декември минатата година се бара од властите „да ги стопираат сите активности за понатамошна урбанизација и/или други градежни активности (вклучувајќи ги и административните процедури за истите) и легализации на нелегални градби, во или околу кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица, сè додека не се реализира мисијата и не се усвојат препораките од истата“.

Делегација на Бернската конвенција, на Рамсарската конвенција и на УНЕСКО неодамна беше во посета на Охридскиот регион, при што беше спроведен увид за состојбата на т.н. „Смарагдни локалитети на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“. аб/цр

фото/„Фронт 21/42“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан