Екологисти од Неготино со активности против отровно растение што ги загрозува екосистемот и земјоделството
- Екологисти од Неготино стартуваа со активности против отровно растение што ги загрозува екосистемот и земјоделството, информираа попладнево од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита", во изјава за МИА.
Неготино, 28 јануари 2025 (МИА) - Екологисти од Неготино стартуваа со активности против отровно растение што ги загрозува екосистемот и земјоделството, информираа попладнево од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита", во изјава за МИА.
-Денеска го презентиравме нашиот проект пред претставници од Амбасадата на Шведска, како основен донатор на програмата. Станува збор за екомисија, мапирање и контрола на ширењето на инвазивното растение Solanum angustifolia. Ова растение што веќе го има во Тиквешијата, претставува сериозна опасност за екосистемот и земјоделството, ги загрозува тревопасните животни и земјоделските ресурси, подвлече Кристина Тодорова, долгогодишен еко активист и член на регионалниот еколошки центар, координатор на проектот.
Таа истакна дека е многу важно навреме да се реагира и да се спречи ширењето на ова растение, плевел.
- Брзо се шири поради климатските промени, што создаваат идеални услови за негово растење.Тоа е отровно за добитокот и претставува директна закана за сточарите и нивната егзистенција.
Ако не се спречи неговото ширење, може да доведе до трајни еколошки и економски штети, нагласи Тодорова.
Таа појасни дека нивната мисија има за цел да го мапира ширењето на растението во регионот, да спроведе активности за ефикасно отстранување на растението, информирање на локалната заедница, сточарите и земјоделците за ризиците што ги носи ова растение.
Тодорова додаде дека активноста се реализира преку регрант на Здружението Екосвест, финансиски подржан од Амбасадата на Шведска. свд/сст/
Фото : ,,Ековита"