• понеделник, 25 ноември 2024

Еко-акција „Недела на пролетта“ во Битола

Еко-акција „Недела на пролетта“ во Битола

Битола, 21 март 2024 (МИА) - Локалните јавни комунални претпријатија од Битола во рамки на еко-акцијата „Недела на пролетта“ подигнаа 280 матри кубни отпад, засадија дрвца, оформија нови цветни површини и поставуваат нови клупи и канти за отпадоци во градот.

Носител на акцијата која е во тек е ЈП „Комуналец“-Битола и се реализира во соработка со ЈКП „Нискоградба“ и ЈП „Водовод“, посочи Горан Степановски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.
-Расчистивме над 280 кубни метри отпад во кој доминира стар мебел, апарати за домаќинство, картонска амбалажа и друг смет кој ја уништува животната средина, оштетени се претходни садници и млади дрвца. Апелираме граѓаните заедно со нас да придонесуваат за разубавување на градот и затоа со оваа акција влијаеме врз јавната свест и за заедничко дејствување, истакна Степановски.

Во рамки на акцијата на Широк Сокак поставени се нови клупи, уреден е градскиот парк, а денес се засадуваа дрвца во новоформираниот парк во Нова Битола.

-Ќе продолжиме со расчистување на дивите депонии, но потребна е соработка и со граѓаните. На располагање имаме 15 камиони и можеме секогаш и секому да помогнеме, појасни Степановски.
Еко акцијата „Недела на пролетта“ ќе биде заокружена утре со уште еден јавен настан, односно отворање на кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан