• петок, 22 ноември 2024

Еклстоун се изјасни за виновен за обвиненијата за даночна измама

Еклстоун се изјасни за виновен за обвиненијата за даночна измама

Лондон, 1 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, се согласи да плати повеќе од 800 милиони долари, откако пред судот во Лондон се изјасни за виновен за даночна измама, пишува „Ројтерс“.

Денес, 92-годишниот бизнисмен се појавил пред судот во Лондон и се изјаснил за виновен по едно обвинение за измама со давање лажни изјави пред даночните власти.

Еклстоун призна дека кривичното дело го направил во јули 2015 година.

Обвинителот рече дека Еклстоун договорил граѓанска спогодба со надлежните според која ќе плати 652,6 милиони фунти (800 милиони американски долари) покривајќи даноци, камати и пенали за 18 даночни години помеѓу 1994 и 2022 година.

Еклстоун ја водеше Формула 1 од 1978 до 2017 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан