• петок, 05 декември 2025

Екитике го израмни рекордот на Нуњез во дебитантскиот натпревар за Ливерпул

Екитике го израмни рекордот на Нуњез во дебитантскиот натпревар за Ливерпул

Ливерпул, 16 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Хуго Екитике, постигна гол и креира асистенција синоќа во натпреварот од првото коло од англиското првенство против Борнмут (4:2).

Дваесет и тригодишниот напаѓач стана првиот Французин кој постигнал гол и асистенција во својот дебитантски натпревар во Премиер лигата. 

Екитике исто така стана вториот играч во историјата на Ливерпул кој го направил ова во својот прв натпревар за тимот. Претходно, само Дарвин Нуњез успеал да го направи ова.

Екитике се пресели во Ливерпул од Ајнтрахт Франкфурт на 23 јули. Вредноста на трансферот се проценува на 90 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан