Екипи од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани го чистат Кочански Дол
- Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на одводот за атмосферска вода, информира Локалната самоуправа.
Кочани, 2 ноември 2025 (МИА) - Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на одводот за атмосферска вода, информира Локалната самоуправа.
Чистењето, се вели во информацијата, се спроведува со механизација, а екипите се соочуваат со сериозни предизвици поради долго време занемарениот одводен систем.
Овој проблем претставува закана од поплави, кои веќе предизвикаа штети во домаќинства на улицата „Браќа Миладинови“, во близина на Општа болница – Кочани.ис/са/
Фото: Општина Кочани