• недела, 22 декември 2024

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Градот Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Градот Скопје

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во втората и во третата смена спроведувале засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини.

Од јавното комунално претпријатите информираат дека континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, „Благоја Паровиќ“ и „Методија Митевски“ во Општина Чаир, како и на улицата „Прашка“ во Општина Карпош.

Посочуваат дека биле спроведени активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со коишто биле опфатени и централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и Старата скопска чаршија.

Од јавното комуналното претпријатите најавуваат дека екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе продолжат со засилена динамика да го подигнуваат комуналниот отпад од поставените контејнери и кантите во индивидуалните домаќинства на територијата на Градот Скопје. фф/нд/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

Остани поврзан