• петок, 17 мај 2024

Екипирана Канцеларијата на европскиот јавен обвинител

Екипирана Канцеларијата на европскиот јавен обвинител
Брисел, 28 јули 2020 (МИА) - Советот на Европска Унија именуваше 22 обвинители на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), кои заедно со шефицата на Канцеларијата се задолжени за истраги, гонење и приведување пред правдата на лицата кои сториле кривични дела против буџетот на ЕУ. Од 22 обвинители, 14 имаат мандат од шест години, а останатите три години и немаат право на реизбор. Задачата на ЕППО ќе биде борба против криминалот, измами, корупиција, избегнување на плаќање на данок на додадена вредност над десет милиони евра. Советот на ЕУ и на Европски парламент во 2019 година ја именуваа Ковеси за прва главна обвинителка на Унијата. Таа беше прва жена главен обвинител во Романија и најмлад главен обвинител. Додека раководеше со романската антикорупциска агенција, поради корупција се истражени и обвинети голем број високи владини претставници. Во ЕППО учествуваат 22 земји-членки – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Романија, Словенија, Словачка и Шпанија. ЕППО како независно тело на ЕУ треба да почне со работа на крајот од годината, а седиштето ќе биде во Луксембург. ми/

Остани поврзан