• понеделник, 23 декември 2024

Екипата на „Чомбе Марино“ го освои првото место на турнирот во мал фудбал „Мршевци 2024“

Екипата на „Чомбе Марино“ го освои првото место на турнирот во мал фудбал „Мршевци 2024“

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Екипата на „Чомбе Марино“ го освои првото место на турнирот во мал фудбал „Мршевци 2024“, на кој оваа година учествуваа 24 екипи со околу 250 натпреварувачи, информираат од Општина Илинден.

Второто место и припадна на „ДПФ“ Сервис професионал, а третото на „Компанија Атанасовски“. За најдобар играч беше прогласен Пеце Даиловски од екипата на ДПФ, а за најдобар голман Никола Спасов од екипата на Чомбе Марино.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар, на најдобрите им ги додели пехарите и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.

-На финалната вечер се покажа фудбалски квалитет и вештини, безрезервна борба за екипите да се искачат на повисоко место, велат од Општина Илинден.

Покрај спортскиот дел, во рамки на турнирот кој траеше во текот на месец август, имаше и забавен дел со музичка програма, каде настапија Мики Секуловски и Андријана Петрушевска, при што беше приредена одлична забава за големиот број посетители.ир/са/

 

Фото: Општина Илиден

Остани поврзан