• недела, 05 мај 2024

Екипата на „Ретро пица“ победник на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“ 

Екипата на „Ретро пица“ победник на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“ 
Дебар, 8 август 2022 (МИА) - Победник на традиционалниот турнир во мал фудбал „Дибра 2022“ е екипата на  „Ретро пица“, која освен пехарот доби награда од 30.000 денари. Второто место го освои  екипата на „Принц кафе“  додека трета е екипата „Таверна Цами“, кои добија 20.000, односно 10.000 денари. За најдобар фудбалер беше прогласен Един Мерсоски, а Рони Крлиу е најдобар голман. За нив беше обезбедена награда од по 50 евра. На спортските терени во кругот на општинското основно училиште „Пенестија“ во изминатите неколку дена силите ги одмерија 12 екипи. Пехарите и  наградите ги врачи градоначалникот Хекуран Дука. - Ги поздравувам сите учесници за спортскиот дух, а на победниците им го честитам постигнатиот успех. Посебна благодарност до публиката која од се срце ги бодреше натпреварувачите, посебно за големото присуство на трибините на иселениците кои се тука во родниот крај, рече Дука. Тој вети дека како локална власт ќе продолжат да ја поддржуваат оваа, но и сите спортски и културни активности. Турнирот се одржа под покровителство на општина Дебар,  по двегодишна пауза  поради состојбата со пандемијата со Ковид-19. Ова е втора последователна спортска активност во градот. Претходно се одржа  тенискиот турнир „Дибра опен 2022“ на кој во конкуренција на дванаесет натпреварувачи најдобар беше и пехарот го доби Емин Врзиволи, познат стоматолог од Дебар. вт/вј/

Остани поврзан