• недела, 22 декември 2024

Едукативни работилници во Прилеп во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“

Едукативни работилници во Прилеп во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“

Прилеп, 19 ноември 2022 (МИА) - Од денеска во народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за првпат почнуваат едукативни работилници на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, наменети за наставниците и учениците од прилепските основни училишта.

Работилницата што денеска почна и ќе ја води режисерот и едукатор Милош Б. Андоновски е наменета за наставниците и учениците од прилепските училишта: од основните „Кочо Рацин“ и „Климент Охридски“ како и за гимназијата „Мирче Ацев“ и за учениците и наставниците од медицинското средно училиште „Ѓорче Петров“.

Според режисерот Анодновски, фокусот ќе биде врз истражувањето и проучувањето на театарската уметност и нејзините сфери: актерството, драмското пишување, сценографијата, костимографијата, критиката. Во работилниците ќе се вклучат и актери од Театарот.

-Овој концепт и воведувањето на едукативната програма, не само што го прават МТФ „Војдан Чернодрински“ поотворен од кога било, туку нудат и ретка можност за меѓугенерациско учење: наставници, ученици и актери на различна возраст заедно да работат и да учат едни од други. Целта на оваа едукативна програма во рамките на фестивалот е само првиот чекор кон она што сите нѐ чека по неговото завршување – генерирањето нова публика и нови очи, кои повторно и повторно ќе му се враќаат на гледањето театар – вели режисерот Андоновски.

Месечните работилници ќе бидат тематски одредени и поврзани со драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, кој, воедно, е и автор во фокусот на 57. издание на Фестивалот.

Како што објаснува Ана Стојаноска, нов претседател на Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“  и уметнички директор секоја година ќе ротираат по две средни и две основни училишта. До почетокот на февруари, ќе има и презентација на сработеното. Ова е нова содржина на реномираниот Македонски театарски фестивал која ќе се практикува.

МТФ „Војдан Чернодрински“ е најзначајната културна манифестација која го следи театарскиот миг во македонските професионални театри. Редовно се одржува во почетокот на јуни, самолани, пораки корона-ситуација се одржа во октомври, а во 2020 година немаше можности за неговото одржување. Во 2023 година, во почетокот на јуни е 57-то издние на Фестивалот, а новиот, прв човек на манифестацијата, Ана Стојаноска најавува содржини во текот на целата година.ем/

Остани поврзан