• недела, 22 декември 2024

Едукативен камп за млади со дијабетес тип 1 од 20 до 23 септември крај велешкото езеро „Младост“

Едукативен камп за млади со дијабетес тип 1 од 20 до 23 септември крај велешкото езеро „Младост“

Велес, 12 септември 2024 (МИА) - Шеснаесет млади од земјава  кои имаат дијабетес тип 1, а се на возраст од 13 до 18 години, од осмо одделение во основно училиште до четврта година во средно училиште, ќе имаат можност да бидат дел од  кампот  за едукација на деца и млади организиран од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, кој од 20 до 23 септември ќе  се одржи во еко кампот над велешко езеро „Младост“.

Пријавувањето за учество е до понеделник (16 септември). За време на Диа кампот што се организира по пауза од 10 години, учесниците  покрај можноста да се дружат и вмрежуваат ќе имаат можност и да се едуцираат за сите потреби коишто ги имаат, информира за МИА, од СЗДСМ , Виктор Лукарски.

Тој појасни дека учесниците  ќе имаат можност да се едуцираат за тоа како да го менаџираат мерење на шеќер од утро до навечер до  легнување, каква исхрана да користат, која храна што содржи и со што можат да ја комбинираат, а  ќе стекнат вештини за спортски активности и најзначајно ќе им биде  дружењето.

Исто така, сите учесници на Диа кампот мора да користат и CGM уред кој го обезбедува Министерството за здравство

Воедно  кампот ќе има и општа едукација за култура, уметност, ќе креираат и присутни ќе бидат и повозрасни студенти со тип 1 дијабетес коишто ќе го споделат нивното искуство со учесниците за тоа и за тоа  како меѓусебе  да се вмрежат. 

Пријавувањето се врши на емаил szdm.mk@gmail.com или на мобилен телефон на 070 448 718 Виктор Лукарски, со пријавата треба треба да бидат наведени име и презиме на учесник/чка, мобилен телефон како и име и презиме од родител на детето учесник/чка, нивен мобилен број и е-маил.
Организаторите појаснуваат дека избраните учесници на Диа Кампот ќе бидат контактирани директно преку нивните родители/старатели. Патните трошоци за учество на кампот ги покриваат самите учесници, додека целосното учество на Диа кампот е бесплатно за учесниците. СЗДСМ обезбедува исхрана, престој со спиење, едукација од стручни лица и забавна – рекреативна програма за учесниците. ад/дма/

Фото:Плакат

 

Остани поврзан