Еднo лице загина при пожар во руска електрана на Арктикот
- Во руската електрана Норилск Никел на Арктикот денеска изби пожар поради краток спој

Москва, 3 август 2020 (МИА) - Во руската електрана Норилск Никел на Арктикот денеска изби пожар поради краток спој.
Огнот зафатил површина од шест метри квадратни и е изгаснат.
Електраната беше во фокусот на светската јавност откако на 29 мај дојде до излевање на 21.000 тони нафта.
Компанијата Норникел, која е еден од сопственивците на термоелектраната, е најголем светски производител на паладиуми и хром. ми/