• вторник, 14 мај 2024

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево - М.Каменица, кој по двочасовен прекин е отворен за сообраќај

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево - М.Каменица, кој по двочасовен прекин е отворен за сообраќај

Делчево, 5 јануари 2024 (МИА) - Пуштен е сообраќајот на патот Делчево - М.Каменица кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животно загрозувачка состојба. Лицето јое се здобило со скршеници на коски е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип.

Во двете возила кои учествувале во несреќата се наоѓале и други лица кои имале полесни повреди и не се задржани во делчевската Итна помош.

На местото на настанот увид изврши екипа на МВР Делчево, од каде повеќе детали за причините за несреќата најавија за утре.вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан