• среда, 17 јули 2024

Едно лице полесно повредено во сообраќајка на влезот во Делчево

Едно лице полесно повредено во сообраќајка на влезот во Делчево

Делчево, 30 октомври 2023 (МИА) - Едно лице е полесно повредено во сообраќајка на влезот на Делчево. До несреќата дошло откако се судриле патничко возило и мопед, по што интервенирала Итната медицинска помош.

Во телефонски разговор со дежурните од службата, повреденото лице се пожалило на болки во нозете, поради што со возило на Итната медицинска помош е на пат кон најблискиот клинички центар во Штип.

Во моментот сообраќајна полиција го регулира сообраќајот на магистралата А3 на раскрсницата кај бензинската пумпа Дади Компани, каде се случи сообраќајната несреќа.

Од полицијата повеќе детали најавија во текот на вечерните часови. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан