• понеделник, 23 декември 2024

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово
Тетово, 19 јануари 2020 (МИА) - Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито“ во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.  Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите. - Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово. ас/бак/  

Остани поврзан