• петок, 05 декември 2025

Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз

Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз

Париз, 21 октомври 2025 (МИА) – Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.

Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.

Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.

- Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес на X.

Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.

Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА. јт//

Фото: Météo Express

Остани поврзан