• недела, 06 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници

Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници

Штип, 22 април 2025 (МИА) - За време на Велигденските празници, во периодот од 17 до 21 април, на подрачјето на СВР Штип беа преземени засилени мерки во областа на сообраќајот, при што беа контролирани 1 294 возила и беа издадени вкупно 258 прекршочни платни налози, информираат денеска преку соопштение од Секторот за внатрешни работи - Штип.

Во него се посочува дека при контролите, од сообраќај биле исклучени 21 возачи, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, односно 14 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.

-За управување возила со брзина поголема од дозволената беа издадени 107 прекршочни платни налози, а 129 за нерегистрирани возила, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во овој период биле регистрирани 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и пет со материјална штета. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан