• вторник, 07 мај 2024

Единаесет загинати во пожар во бар во северно Мексико, предизвикан од пијан гостин

Единаесет загинати во пожар во бар во северно Мексико, предизвикан од пијан гостин

Сан Луис Рио Колорадо, 22 јули 2023 (МИА) - Единаесет лица загинаа во пожар во бар во северниот мексикански пограничен град Сан Луис Рио Колорадо, предизвикан од пијан гостин кој фрлил молотов коктел.

Властите во сојузната мексиканска држава Сонора, која граничи со Аризона во САД, соопштија дека според првичните сознанија од истрагата, осомничен сторител е млад човек кој бил многу пијан при нападот. Тој претходно бил исфрлен од локалот поради навредување на гостите.

Веднаш по нападот избегал и полицијата трага по него.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан