• среда, 26 јуни 2024

Едерсон подготвен да замине од Сити, се очекува да поднесе барање за трансфер

Едерсон подготвен да замине од Сити, се очекува да поднесе барање за трансфер

Манчестер, 1 јуни 2024 (МИА) - Голманот на Манчестер Сити, Едерсон ќе мора да поднесе експлицитно барање до управата за трансфер доколку навистина сака да го напушти „Етихад“ ова лето, забележува англискиот печат.

Тамошните медиуми пишуваат дека поранешниот голман на Бенфика има исклучително профитабилна понуда од Саудиска Арабија и сериозно размислува за својата иднина. 30-годишниот бразилски интернационалец е дел од тимот на „граѓаните“ од летото 2017 година и во тие осум години успеа да освои се на клупски план.

Токму поради оваа причина, Едерсон е подготвен да прифати понуда од Саудиска Арабија, која ќе му обезбеди финансиски импресивен договор и долгорочни перспективи. Неговиот актуелен договор со Манчестер Сити е до летото 2026 година, но шефовите на Сити се уште не ги кажале јасно своите намери за неговата иднина и не му понудиле нов договор.

И покрај се, тие сакаат да остане, но нема да му застанат на патот ако официјализира дека сака да си замине. Едерсон моментално се проценува на околу 35 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан