Еден убиен, четворица повредени во напад со нож во Хаифа
- Најмалку едно лице е убиено, а четворица се повредени во напад со нож во израелскиот пристанишен град Хаифа, соопштија денеска спасувачките служби.

Хаифа, 3 март 2025 (МИА) – Најмалку едно лице е убиено, а четворица се повредени во напад со нож во израелскиот пристанишен град Хаифа, соопштија денеска спасувачките служби.
Сторителот, кој нападнал луѓе на главната автобуска станица, бил застрелан, соопшти спасувачката служба Маген Давид Адом.
Напаѓачот бил маж со израелско-арапско потекло, јавија израелските медиуми, повикувајќи се на портпарол на полицијата.
Убиениот човек имал околу 70 години, соопшти спасувачката служба Маген Давид Адом.
Еден од повредените, тинејџер, е во тешка состојба, се вели во соопштението. јт/
Фото: Маген Давид Адом