• сабота, 18 мај 2024

Еден полесно поведен во сообраќајката на патот Делчево - Пехчево, сообраќајот нормализиран

Еден полесно поведен во сообраќајката на патот Делчево - Пехчево, сообраќајот нормализиран
Пехчево, 29 август 2021 (МИА) - Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што вечерва  се случи во близина на село Црник, потврдија за МИА од пехчевската брза помош која интервенирала на местото на несреќата. Сообраќајот на патот Делчево - Пехчево, пак, кој беше во прекин поради сообраќајката, е нормализиран.
Сообраќајната несреќа, како што информираа возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистерски таблички и две со македонски регистерски таблички. Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден. вс/вг/

Остани поврзан