• понеделник, 23 декември 2024

Еден и пол милион луѓе без струја во Порторико

Еден и пол милион луѓе без струја во Порторико
Сан Хуан, 9 јануари 2020 (МИА) - Околу еден и пол милион луѓе, што е повеќе од половина од населението во Порторико, останаа без електрична енергија по земјотресот што ги погоди Карибите во вторникот, а неколку илјади граѓани ја минаа ноќта на отворено откако биле урнати нивните домови или се изложени на ризик да бидат уништени. Земјотресот со интензитет од 6,4 степени беше најсилниот што го погоди Порторико во последните 100 години, во кој загина едно лице. Снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров не се очекува да биде воспоставено до викендот, бидејќи при потресот се оштетени електраната „Коста Сур“ и друга енергетска инфраструктура. - За обнова на електраната што снабдува електрична енергија во Порторико ќе биде потребна најмалку една година, изјави Ел Нуево Диа, директор на Агенцијата за снабдување со електрична енергија. Околу 24 отсто од населението нема ниту вода, а повеќе од 2.200 лица се сместени во прифатни центри. гт/

Остани поврзан