• недела, 21 јули 2024

Еден загинат, шестмина повредени во експлозија во Карачи

Еден загинат, шестмина повредени во експлозија во Карачи
Карачи, 17 ноември 2021 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во експлозија во јужниот пакистански пристанишен град Карачи, потврдија официјални лица. Како што јави асгенцијата Анадолија, меѓу повредените има и деца. Локалните медиуми јавија дека експлозијата се случила во висококатница во градот Лиари. Полицијата соопшти дека зградата е делумно оштетена. Причината за експлозијата се уште не е потврдена, но се претпоставува дека станува збор за истекување плин, соопшти полицијата. паг/  

Остани поврзан