• четврток, 21 ноември 2024

Еден загинат при вооружен напад во трговски центар во Висконсин

Еден загинат при вооружен напад во трговски центар во Висконсин
Еплтон, 1 февруари 2021 (МИА) - Едно лице загина, а едно е рането од страна на вооружен напаѓач во трговски центар во градот Аплтон, во американската држава Висконсин. Во неделата полицијата во неделата била повикана во трговски центар во предградието на Аплтон околу 3:30 часот по локално време, а непознатиот напаѓач се уште е во бегство. Полицијата соопшти дека напаѓачот го напуштил трговскиот центар пред тие да пристигнат. Се уште не се знае мотивот за нападот, ниту идентитетот на жртвата. Полицајци, некои од нив во специјална опрема, го обезбедуваат трговскиот центар. паг/

Остани поврзан