• недела, 06 октомври 2024

Еден загинат, неколку повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Еден загинат, неколку повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Линебург, 8 јули 2024 (МИА) – Едно лице загина, а еден полицаец е тешко повреден во пожар во бегалски центар во северниот германски град Бухолц, во близина на Хамбург.

Како што јави ДПА, полицаецот и вработен во бегалскиот центар се здобиле со тешки изгореници, соопшти портпаролот на противпожарната бригада. Повредена е и една полицајка.

Во зградата е пронајдено тело, но идентитетот на починатиот се уште не е познат.

Бегалците во центарот се сместени во 48 контејнери адаптирани за привремено сместување на барателите на азил во Германија. јт/

Фото: ДПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан