Еден загинат и шестмина повредени откако автомобил влета во тераса на кафуле во Париз

Париз, 17 јули 2024 (МИА) – Еден човек загина и шестмина се повредени откако возач на автомобил вечерва околу 19 часот и 30 минути влета во тераса на кафуле во Париз, јавија француските медиуми.
Тројца од повредените се во критична состојба.
Возачот побегнал, но сопатникот кој бил под дејство на алкохол и на дрога е уапсен. зш/