• четврток, 09 мај 2024

Еден загинат во сообраќајка кај Братиндол, во прекин сообраќајот на патот Битола-Ресен 

Еден загинат во сообраќајка кај Братиндол, во прекин сообраќајот на патот Битола-Ресен 

Битола, 6 ноември 2023 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот. 

Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила.

Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот и се пренасочува по стариот пат. мт/лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан