Еден Азар сака да си оди од Реал
- Фудбалерот од средниот ред Еден Азар сака да го напушти Реал Мадрид, објави новинарот на „RMC Sport“, Саша Таволиери.
Мадрид, 17 јануари 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Еден Азар сака да го напушти Реал Мадрид, објави новинарот на „RMC Sport“, Саша Таволиери.
На одлуката на играчот влијаела ситуација која се случила пред извесно време. Медицинскиот персонал му препорача на Азар да оди на нова операција, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е против такво нешто.
Реал Мадрид наводно е заинтересиран за размена на Азар за дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.
Оваа сезона, 31-годишниот играч од средниот ред забележа 16 настапи за мадридскиот клуб во сите натпреварувања и имаше две асистенции. зс/