• петок, 05 декември 2025

Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Света Катерина

Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Света Катерина

Атина, 30 мај 2025 (МИА) – Целосната посветеност на зачувувањето на единствениот и свет религиозен статус на манастирот Света Катерина, изразува претседателството на Египет, преку соопштението објавено доцна синоќа по информациите дека со судска одлука ќе се затвори конкретниот манастир на планината Синај и по реакциите од грчкото МНР и грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

- Претседателството потврдува дека неодамнешната судска одлука го консолидира овој статус, усогласувајќи се со точките што претседателот Ел Сиси ги нагласи за време на неговата неодамнешна посета на Атина на 7 мај, соопштија од кабинетот на египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси и додадоа дека „ја потврдува важноста на зачувувањето на блиските и братски односи што ги поврзуваат двете земји и народи“.

Како што вчера објави МИА портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу во однос на последните случувања во врска со манастирот Света Катерина на планината Синај рече дека грчкиот министер за надворешни работи стапил во контакт со неговиот египетски колега и „јасно му стави до знаење дека нема никаков простор за отстапување од заедничкото разбирање на двете страни, кое го изразија лидерите на двете земји во рамките на неодамнешниот Висок совет за соработка“

Дополнително посочи дека Владите на Грција и Египет во изминатиот период работеа на договор што ќе го гарантира светиот грчко-православен карактер на регионот и дека очекуваат да им биде испратена одлуката на египетскиот суд што беше издадена завчера.

Портпарол на грчката Влада Павлос Маринакис истакна дека кога официјалната и целокупната содржина на судската одлука ќе биде позната и оценета во овој поглед, ќе излезат си официјален став, но и додаде дека не очекуваат отстапување од договореното меѓу двете земји.

Пред три седмици во Атина се одржа првиот Висок совет за соработка Грција – Египет, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји, а на агендата разговори беше и Синајскиот манастир Света Катерина, кој е најстариот функционален христијански манастир во светот. ср/

Фото: АНА-МПА

Остани поврзан