• петок, 22 ноември 2024

Египет издаде предупредување до пилотите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор утре рано наутро

Египет издаде предупредување до пилотите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор утре рано наутро

Каиро, 7 август 2024 (МИА) - Египет им наложи на сите свои авиокомпании да го избегнуваат иранскиот воздушен простор три часа рано наутро во четврток поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во безбедносното известување испратено до пилотите се вели дека предупредувањето ќе биде во сила од 01:00 до 04:00 часот по Гринич (односно 03:00 до 06:00 часот по средноевропско време). Не беа дадени повеќе детали зошто е објавено известувањето.

-Сите египетски авиопревозници ќе избегнуваат да летаат над Техеран. Ниту еден план за летање над таа територија нема да биде прифатен, се вели во известувањето.

Многу авиокомпании ги ревидираат своите распореди за да го избегнат иранскиот и либанскиот воздушен простор, а исто така ги откажуваат летовите за Израел и Либан поради стравувањата од можен поширок конфликт по убиството на високи членови на милитантните групи Хамас и Хезболах.

Многумина мислат дека ова е најава за ирански напад.

-Таквото безбедносно известување од Египет е многу невообичаено. Можно е ова да е показател за одговорот на Иран кон Израел, но може да има друга причина, рече OPSGROUP, организација која споделува информации за ризиците од летот.

Земјите во регионот, вклучително и Јордан, го затворија својот воздушен простор на почетокот на оваа година поради воздушните напади врз Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан