Египет го одложи самитот на Арапската лига за Газа за 4 март
- Египет денеска го одложи Самитот на Арапската лига итно свикан поради противење на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на палестинското население од Појасот Газа и преземање на нивната територија.

Кaиро, 18 февруари 2025 (МИА) - Египет денеска го одложи Самитот на Арапската лига итно свикан поради противење на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на палестинското население од Појасот Газа и преземање на нивната територија.
Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека самитот ќе се одржи во Каиро на 4 март за да се овозможат дополнителни „логистички и објективни подготовки“.
Самитот, кој беше закажан за 27 февруари, следи откако предлогот на Трамп предизвика негодување низ целиот регион. рп/
Фото: МИА архива